Глумецот Стефан Капичиќ стана татко

Српскиот глумец Стефан Капичиќ стана татко. Неговата сопруга, хрватската глумица и модел, Ивана Хорват, роди машко дете. Стефан и Ивана дури пред неколку недели ја открија веста за бременоста, кога таа на „Инстаграм“ објави слики на кои напиша дека наскоро треба да се породи.

Ова е прво дете на популарниот глумец и неговата 10 години помлада жена. Стефан и Ивана се во брак од 2017 година, а се запознаа во 2013 на снимањето на серијата „Зора дубровачка“ каде што глумеа и двајцата.

Инаку, Стефан последниве години се пробива и во Америка, па имаше улоги во неколку познати филмови и серии, меѓу кои и „Дедпул“ и „24“.

Текстот Глумецот Стефан Капичиќ стана татко е превземен од Reporter.mk.