Гоца Тржан по третпат на вештачко оплодување

Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ се обидуваат да добијат дете, а по Нова година Гоца Тржан третпат ќе отиде на вештачко оплодување.

Гоца последнивге шест години се обидува да забремени, а сега отворено прозборе за својата борба за потомство.

„Третпат одам на вештачко оплодување. Морам да кажам дека немам големи очекувања. Ќе видиме што ќе биде, знам само дека нема да паѓам во депресија, ниту да се стресувам ако ни овој пат не успее“, рекла Гоца .

Пејачката веќе двапати била на вештачко оплодување и не се откажува.

„Неможноста за раѓање и зачнување во овие времиња е како епидемија. Тоа е она што луѓето треба да го сфатат и некако да се занимавааат со тој проблем. Мое мислење е дека се потребни редовни прегледи, што порано да се проба со инсеминација, да се средат хормоните и другите работи што не функционираат“, објаснила Гоца, која од првиот брак ја има ќерката Лена.

Текстот Гоца Тржан по третпат на вештачко оплодување е превземен од Reporter.mk.