Голем концерт на Лозано во Охрид

Поп-пејачот Влатко Лозановски на 2-ри август ќе има концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.  По успешниот концерт кој зимата го одржа во Скопје,  а го организраше „Авалон’, сега летниот концерт ќе го организра  „Прагма Продукција“.

“Со нетрпение чекам да ве видам и да пееме заедно во еден глас. Се гледаме на втори“, вели Лозано за престојниот концерт во Охрид.

Текстот Голем концерт на Лозано во Охрид е превземен од Reporter.mk.