Голи фотографии од Северина кружат на интернет

Српските медиуми синоќа објавија вест за наводни фотографии на кои хрватската пејачка Северина Којиќ (46) позира гола. Северина била без облека легната на кревет во провокативни пози. Голем дел од нејзините фанови сметаат дека станува збор за местенка, во која некој сличен на Северина позира со цел да го оцрни и наштети на угледот на пејачката. Други, пак, тврдат дека фотографиите се автентични.

Фотографиите на кои пејачката позира гола кружеле на интернет, но веројатно за кратко време се тргнати.

Многумина се прашуваат како фотографиите завршиле во јавност. Доколку се автентични и навистина станува збор за нејзини селфиња, тогаш веројатно станува збор за фотографии што останале во некој нејзин стар мобилен или, пак, некој го хакирал нејзиниот компјутер и ги украл фотографиите од нејзините фолдери.

Пред 14 години на сличен начин во јавноста се појави и порновидео од Северина на јахта. Видеото крена голем прав на целиот Балкан.

Од тимот на Северина засега не ги коментираат спорните фотографии ниту, пак, ја потврдуваат или демантираат нивната автентичност.

 

Текстот Голи фотографии од Северина кружат на интернет е превземен од Reporter.mk.