Грдата Бети стана мајка

Глумицата Америка Ферера, најпозната по улогата во серијата „Грдата Бети“ стана мајка. Таа и нејзиниот маж, Рајан Пирс Вилијамс добија син.

34-годишната глумица на инстаграм-профилот објави слика од ногата на бебето во нејзината рака и напиша: „Кога 2 ќе станат 3. Добредојде Себастијан Пирс Вилијамс – ќе те викаме Баз“. Таа напиша и дека тројцата се среќни, здрави и исполнети со љубов.

Америка и Рајан се во брак од 2011 година. На 31 декември објавија дека таа е бремена и дека го чекаат првото дете.