Групата „Ју-ту“ донира 10 милиони долари за борба против коронавирусот во Ирска

Ирската рок-група Ју-ту“У2 донира 10 милиони американски долари за борба против коронавирусот во Ирска, јавуваат локалните медиуми.

Парите ќе бидат искористени за поддршка на здравствените работници и купување заштитна опрема. Дел од опремата финансирана од Ју -ту веќе пристигна на аеродромот во Даблин, објави ирската телевизија РТЕ.

Ирскиот премиер Лео Варадкар ги пофали рокерите. „Иако владата нарача опрема во количина што нормално би била доволна за 13-годишно снабдување во нормални времиња, секоја помош од приватниот сектор и јавноста е добредојдена“, напиша тој на Твитер.

Ју-ту со години е вклучена во многу социјални и политички проекти.

Во Ирска досега околу 6.000 луѓе биле заразени со коронавирус, а 235 починале.

Текстот Групата „Ју-ту“ донира 10 милиони долари за борба против коронавирусот во Ирска е превземен од Reporter.mk.