Гвинет Палтроу веќе не сака да глуми во филмовите на „Марвел“

Холивудската актерка Гвинет Палтроу веќе нема да глуми во филовите на „Марвел“, оти мисли дека е престара за такви улоги. Глумицата има 46 години, а неодамна изјави дека костимот за нејзиниот лик веќе не е за неа.

„Престара сум за да го носам тој костим“, рекла таа мислејќи на својот лик Пајпер Потс од филмовите „Ајронмен“ и „Авенџерс“.

Таа додала дека ова за неа било неверојатно искуство, а уште од првиот дел на „Ајронмен“ сфатила колку фановите ги сакаат тие филмови.

„Многу сум среќна што имав можност да глумам во вакви филмови бидејќи долго ме наговараа да играм во нив. Ама време е да престанам“, рекла Палтроу.

Текстот Гвинет Палтроу веќе не сака да глуми во филмовите на „Марвел“ е превземен од Reporter.mk.