Хари и Меган добија восочни фигури во „Мадам Тисо“

Војводата и војвотката од Сасекс добија свои фигури во музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“ во Лондон, пренесуваат британските медиуми. Фигурата на Меган е облечена во зелен фустан, ист како фустанот што го носеше поранешната актерка на денот кога ја објавија веридбата, а фигурата на Хари е облечен во модерен тегет костум.

Пред Меган и Хари, восочни фигури добија и кралицата Елизабета, принцот Филип, Кејт и Вилијам. Сепак, Меган Маркл и принцот Хари за кратко време станаа вистинска атракција.

„Сите посетители на музејот сакаат да се фотографираат со нив. Покрај нивните фигури е најголемата гужва“, велат од „Мадам Тисо“.

Текстот Хари и Меган добија восочни фигури во „Мадам Тисо“ е превземен од Reporter.mk.