Хари и Меган и понатаму се потпишуваат како „кралско височество“

И покрај тоа што повеќе ги немаат кралските титули и не смеат да добиваат пари од кралското семејство, Хари и Меган сеуште не можат да се навикнат во новите улоги, пишува „Дејли Мејл“.

Само неколку минути откако од палатата испратија соопштение до јавноста дека двајцата повеќе ги немаат привилегиите како членови на кралското семејство, тие на својот сајт Sussex Royal, пуштија објава за променетата улога, но се потпишале како кралско височество и покрај тоа што знаат дека се лишени од таа позиција.

Тие во иднина ќе бидат именувани само како војводата и војвотката од Сасекс, без епитетот „нивното кралско височество“. Јавноста во Британија нивниот потег го прокоментирала како провокација, а иако не минале ни 12 часа од објавата, Хари и Меган, оваа грешка не ја исправиле, пренесуваат британските медиуми.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, војводата и војвотката од Сасекс изјавиле дека немаат намера да надокнадат пари за поправка на Фрогмор, куќата која ја користеле. Тие велат дека таа ќе остане нивен дом во Обединетото Кралство.

Во прашање се пари на даночните обврзници кои Хари и Меган ги искористиле за реновирање на нивниот дом. Тие би требало да вратат околу 2,4 милиони фунти, колку што е вложено во средување на имотот кој се наоѓа недалеку од Виндзор. Новиот ангажман ќе стапи на сила на пролет оваа година, велат од Палатата.

Во најновото соопштение, кралицата изјавила дека е задоволна затоа што по повеќемесечни контроверзи, конечно е најдено решение за нејзиниот внук и неговото семејство.

„Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани од моето семејство. Ги препознавам предизвиците кои ги искусиле како резултат на интезивен надѕор во последните две години и ја поддржувам нивната желба за самостоен живот. Сакам да им се заблагодарам на нивната преданост во работата во оваа земја, заедница и пошироко. Особено сум горда на Меган што така брзо стана член на семејството. Се надевам дека денешниот договор ќе им овозможи да започнат и изградат среќен и мирен нов живот“, порачала кралицата Елизабета.

Текстот Хари и Меган и понатаму се потпишуваат како „кралско височество“ е превземен од Reporter.mk.