Хари и Меган на пролет чекаат бебе

Принцот Хари и неговата сопруга војвотката Меган Маркл чекаат принова. Од Кенсингтонската палата соопштија преку Твитер дека војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл на пролет ќе добијат бебе.

Хари и Меган радосната вест ја соопштиле на семејството во петокот, за време на венчавката на принцезата Јуџин.

Двајцата се венчаа во мај оваа година, а деталите од нивната раскошна венчавка, која е одржана во дворецот Винзор, се прераскажуваат до денес.

„Кралското семејство им се заблагодарува на сите луѓе во светот за поддршката која им ја даваат на младата брачна двојка уште од мај и се пресреќни што можат со нив да ја споделат оваа радосна вест“, пишува во соопштението.

Текстот Хари и Меган на пролет чекаат бебе е превземен од Reporter.mk.