Харви Вајнстин е невин?

Харви Вајнстин и неговата наводна главна жртва биле во интимна врска низа години пред да се случат обвинувањата, тврди одбраната на американскиот продуцент обвинет за силување од страна на неколку жени.

Одбраната ги покажала пред судот електронските пораки што ги разменувале Вајнстин и девојката.

Станува збор за една од трите наводни жртви од обвиненијата, кои продуцентот наводно ги силувал, а другите две ги нападнал.

Според нејзиниот исказ, настанот се случил во март 2013 година.

Во жалбата за поништување на постапката, која има повеќе од 150 страници, адвокатите на холивудскиот продуцент во петокот прикажаа делови од нивната преписка, која истакнуваат дека сведочи за непрекинатата љубовна врска што траела најмалку до 2017 година.

Некои од елекронските пораки испратени неколку недели по наводното силување откриваат дека жртвата сакала во повеќе наврати да се состане со Харви Вајнстин.

„Се надевам дека ќе те видам денес. Можеме да ручаме ако имате време“, пишува во некои од пораките.

Одбраната истакнува дека наводно жртвата, чие име не се открива, му се обратила со срдечен тон.

„Сè уште те сакам. Но го мразам чувството да ти служам само за во кревет“, пишува жената во пораката настаната на 8 февруари 2017 година.

Адвокатите на Харви Вајнстин се држат до таа реченица која, како што велат, покажува како наводната жртва признава дека се согласила на интимен однос со продуцентот.

 

 

Текстот Харви Вајнстин е невин? е превземен од Reporter.mk.