Хејли Бибер демантира дека е бремена

Манекенката Хејли Бибер, која пред неколку месеци се омажи за Џастин Бибер, демантира дека е бремена. „Интернет е смешен. Не сум бремена, само сакам храна“, напиша таа на „Инстаграм“. Со ова Хејли ги отфрли пишувањата на американските медиуми кои објавија слика на која се држи за стомакот со раката за време на прославата на Денот на благодарноста, а кои тврдеа дека таа и Џастин го чекаат првото бебе.

Инаку, Џастин и Хејли се венчаа лани, а пред неколку месеци направија голема свадба. Дека и нивните родители сакаат внуче, потврди мајката на Џастин, која на слика што ја објави Хејли одговорила: „Кога ќе имаме внуче? Не можам да дочекам, не ме зезајте.“

Текстот Хејли Бибер демантира дека е бремена е превземен од Reporter.mk.