Хурем го славеше успехот на Хрватска

Популарната турска актерка Меријем Узерли, прошета во дресот на напаѓачот на Хрватска, Марио Манџукиќ.

Црвенокосата актерка Меријем која се прослави во улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, за време на мечот меѓу Хрватска и Франција престојувала во Дубровник.

Од ова место Хурем ја бодрела репрезентацијата на „коцкестите“. Узерли била облечена во дрес со бројот на Марио Манџукиќ, а фотографијата ја споделила со своите обожаватели на Инстаграм.

„Бевте одлични Хрватска! Дадовте се од себе! Ви честитам!“, напишала актерката со видеото на кое околу неа стојат навивачи кои откако ја препознаа почнаа да го извикуваат нејзиното име.

u were great #croatia🇭🇷 u did your besttttt ❤️ congratulations 🎊 to the #winner 🎉

A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem) on

Неодамна по пристигнувањето во Хрватска, Меријем ги воодушевила обожавателите во Хрватска, велејќи им дека токму од оваа држава потекнуваат нејзините корени. Благодарение на талентот на актерката и специфичниот изглед, актерката брзо добила симпатии од публиката, а многумина жени и завидуваат на нејзиниот изглед. Сините очи и усните се нејзиниот заштитен знак, а сериозниот и длабок поглед главниот адуг со кои ги освојува сите.

Текстот Хурем го славеше успехот на Хрватска е превземен од Reporter.mk.