Идрис Елба тајно се ожени во Мароко

Британскиот глумец Идрис Елба вчера тајно се ожени со својата девојка Сабрина Доури, на церемонија во Мароко. Двојката се венчала во елитен хотел во Маракеш, откако претходно имале вечера со неколку членови од семејството и најблиските пријатели. Невестата носела венчаница од американската дизајнерка Вера Вонг, откри британскиот „Вог“, кој прв објави слики од церемонијата.

Елба и Доури беа во врска од почетокот на 2017 година. Тој ѝ предложил брак годинава во февруари во Лондон, за време на премиерата на неговиот филм YardieОва е трет брак за Елба, а прв за Доури, која е модел и поранешна Мис Ванкувер.

Текстот Идрис Елба тајно се ожени во Мароко е превземен од Reporter.mk.