Игор е новиот менаџер на Северина

Откако Северина ја прекина 17-годишната соработка со својот менаџер Томица Петровиќ, нов менаџер и сопругот на Северина, Игор Којиќ.

„Мојот сопруг има дебело менаџерско искуство, додуша спортско не е естрадно, но тоа е доволно добро за да може да ја води мојата кариера, да знае да преговара, да се избори за висината на хонорарите, за условите под кои јас настапувам. Игор е впрочем и син на еден успешен пејач, па со татко му поминувал и многу време на естрадата гледајќи и учејќи ги сите работи од шоу-бизнисот. Така што сега тоа е потврдена работа, мој нов менаџер е мојот сопруг Игор, а со Томица пријателски се разделивме, тој на своја страна си замина, јас на моја. Отсега сите работи, приватни и професионални, остануваат токму тука во нашето семејство што е и многу логично„, вели Северина.

Текстот Игор е новиот менаџер на Северина е превземен од Reporter.mk.