Иста судбина за двајцата браќа Лазиќ

Браќата Дарко и Драган Лазиќ делат иста судбина, а по животните ситуации кои им се случиле, имаат исти и убави и тешки ситуации.

Драган Лазиќ е роден брат на Дарко кој тргнал по исти стапки, обидувајќи се да успее во музиката, иако имал само 5 месеци пеачко искуство, за разлика од братот, кој пее од мали нозе. Меѓутоа тешко било да ја достигне огромната популарност на Дарко.

Дараган пред повеќе од 2 години исто така доживеал сообраќајна несреќа, со што завршил во Ургентен центар. Но, во сообраќајната несреќа, сепак не била состојбата толку критична, иако и тој возел и брзо и под дејство на алкохол, но ни приближно како Дарко.

Српските медиуми пишуваат дека тие биле многу поврзани. Драган исто така бил учесник во “Звездите на Гранд” во 2013 година, а Дарко го советувал како да се однесува за да доживее успех:

„Точно е дека мојот брат Драган се натпреварува во “Ѕвездите на Гранд”. Убаво пее, но со тоа се занимава само 5 месеци. Малку доцна, со оглед на тоа дека јас пеам од дете. Го советував што треба да пее, како да се однесува, какви песни да одбире и уште многу друго.

„ Го носев неколку пати на мои настапи, и знае како сето тоа изгледа. Тука сум да му помогнам за се што треба и да го подржам. Единствено нешто што неможам е да го повикам Саша Поповиќ и да ургирам за братот. Треба луѓето да го засаакаат затоа што убаво пее, а не затоа што јас сум му брат“, иззјавил неодамна Дарко, за медиумите.

Текстот Иста судбина за двајцата браќа Лазиќ е превземен од Reporter.mk.