Иванка Трамп прекина да објавува фотографии од децата

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, повеќе не објавува фотографии од своите деца.

Иванка претходно редовно објавуваше семејни фотографии, а причината поради која од 27 мај прекина да го прави тоа се политичките поени.

Во меѓувреме Иванка само еднаш го прекрши ова правило, кога на сопругот Џеред Кушнер одлучи да му го честита Денот на таткото. Во време додека таа се фалеше со фотографии од своето семејство, благодарение на нејзиниот татко и неговата имиграциска политика, децата мигранти беа разделувани од родителите. Условите во кои беа сместени беа далеку од добри.

Медиумите ја нападнаа Иванка дека била бесчувствителна, а таа одлучила да не враќа на критиките.

„Дали ти би сакала твоите деца да завршат во кафез, да бидат одвоени од тебе“, ја прашале некои од корисниците Иванка на социјалните мрежи.

Месец дена подоцна потпишан бил законот по кој децата повеќе не смеат да бидат разделени од родителите. Иванка прекина со објавувањето фотографии од своите деца,  седумгодишната Арабела, четиригодишниот Џосеф и двегодишниот Тиодор.

Текстот Иванка Трамп прекина да објавува фотографии од децата е превземен од Reporter.mk.