Иванка Трамп со јахта дојде во Црна Гора

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера пристигна во Црна Гора со својата луксузна јахта. Таа дојде во пристаништето Порто Монтенегро, во Тиват, но според српските медиуми, Иванка не е дојдена во Црна Гора на одмор, туку службено, поради проект поврзан со недвижнини.

Медиумите пишуваат дека јахтата Rising Sun на 38-годишната Иванка е на 5 ката и има 82 соби. Катовите меѓусебно се поврзани со лифт, има голем спа центар, теретана, кино, кошаркарски терен, музичка просторија со клавир и други инструменти, базен, вински подрум, а на неа може да слета и хеликоптер.

Ова не е првпат ќерката на Трамп да крстари по Јадранот. Иванка во 2016 година со семејството и пријателите беше во Дубровник, Хрватска. Тогаш таа изнајмила јахта долга 138 метри.

View this post on Instagram

Sight seeing with @wendimurdoch in Dubrovnik

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump) on

Текстот Иванка Трамп со јахта дојде во Црна Гора е превземен од Reporter.mk.