Изгореа автомобилите на Ребека и Сузана Турунџиева

Автомобилите на пејачките Ребека Јанковска Ристескии Сузана Турунџиева изгореа ноќеска во пожар. Противпожарни екипи интервенирале откако бил пријавен пожар на две возила. Првиот автомобил, „мини купер“ била запален, а од пожарот била зафатена и вториот автомобил. „Мини куперот“ е во сопственост на пејачката Сузана Турунџиева, а до него бил паркиран автомобилот на Ребека. Автомобилите биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза.

Повредени нема, а надлежните ќе ги утврдуваат причините за опожарувањето на возилата. Од Пожарна велат дека интервенцијата била во 3 часот изутрината и траела еден час.

Текстот Изгореа автомобилите на Ребека и Сузана Турунџиева е превземен од Reporter.mk.