Изложба на подводни фотографии во Охрид

По повод Денот на Охридско Езеро, денеска на градскиот плоштад во Охрид  се отвори изложба на подводни фотографии, во организација на нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид. На изложбата беа презентирани 30 фотографии од подводниот свет на Охридско Езеро. Фотографиите се дела на нуркачите Милутин и Јован Секулоски.

Љубителите на подводниот свет и туристи во Охрид имаа одлична можност да уживаат во скриените убавини на Охридско Езеро. Од нуркачкиот центар „Амфора“ рекоа дека се направени повеќе од 30 подводни фотографии, но најубавите 30 беа изложени на денешната изложба.