Јас сум лудо заљубен: Џуд Ло го чека шестото дете со сопругата Филипа

Џуд Ло и Филипа Коан  лани се венчаа , а сега го очекува своето  дете. Џуд има уште пет деца со три претходни партнерки. 47-годишниот актер и неговата 32-годишна супруга се фотографирани додека пазаруваат во Лондон.
Пред неколку месеци, Ло отворено призна дека сака да има уште деца и дека лудо ја сака својата нова сопруга. „Ми се допаѓа тоа, па апсолутно, зошто да не? Среќен сум што сум со некоја во која сум лудо заљубен. Идејата да имам повеќе деца би била прекрасна“ – одговорил тој на прашање дали планира да има уште деца. Џуд и Филипа се заедно од 2015 година.

 

 

 

Текстот Јас сум лудо заљубен: Џуд Ло го чека шестото дете со сопругата Филипа е превземен од Reporter.mk.