Јелена и Иван најубав пар на Фестивалот во Сараево

Актерот Иван Босиљчиќ на Филмскиот фестивал во Сараево го промовираше својот нов филм Egy nap („Еден ден“). Тој на црвениот килим пред Народниот театар во Сараево, каде што се одржува фестивалот, дојде со својата сопруга, пејачката Јелена Томашевиќ.

Откако двајцата на своите инстаграм-профили објавија фотографии од премиерата, добија комплименти дека се најубавиот пар на фестивалот. Пејачката, пак, на Инстаграм се пофали дека и таа била вклучена во филмот на Иван, така што отпеала една од песните.

Филмот „Еден ден“ е во режија на Унгарката Софија Зилаги, и е во натпреварувачкиот дел на Фестивалот во Сараево.

Текстот Јелена и Иван најубав пар на Фестивалот во Сараево е превземен од Reporter.mk.