Јелена Јованова дизајнира свој парфем

Актерката Јелена Јованова , која публиката ја засака ако рецепционерката Јелена од Драчево, работи на својата прва козметичка линија. Таа се пофали дека веќе работи го дизајнира својот прв парфем и тоа го објави на Инстаграм.

„Правам свој парфем, се чувствувам бестрашно“, пишува Јованова во описот на фотографијата.

Таа во моментов е во Загреб, каде веќе неколку години живее со својот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ.

Јелена не е прва од домашната јавна сцена која паралелно работи и на своја козметичка линија. Наскоро и Елена Ристеска ќе ги изненади фановите со парфем, а пред неколку години тоа го направи и дизајнерката Тања Кокев, која парфемот го нарече токму по актерката Јованова, која и беше инспирација.

Текстот Јелена Јованова дизајнира свој парфем е превземен од Reporter.mk.