Каде скијаат познатите

Македонските јавни личности деновиве се на зимување, некои во Македонија, а некои во соседството. И додека Катарина Ивановска се забавува на Маврово, Лоба, Лилиќ и Брејк уживаат во познати ски-центри во Србија и Бугарија. Не кријат дека колку што се забавуваат на море, толку ги сакаат и зимските спотрови.

Катарина со семејството на Маврово

Топ-моделот Катарина Ивановска деновиве објавува слики дека е на скијање на Маврово. Таму Катарина има викендичка. Таа е на зимување со сопругот Цобе и децата Вања и Кира. Инаку, неодамна на гости во Маврово кај Катарина беше нејзината пријателка Тамара Тодевска. И таа споделуваше слики од дружбата на која беше заедно со сопругот Александар, ќерката Хана и синот…

Викторија Лоба на Копаоник

Пејачката Викторија Лоба со нејзиниот дечко Ѓорѓи е на зимување во Копаоник. Таа уште пред нова година откри дека ужива во познатото зимското одморалиште во Србија. Сега е повторно таму и секојдневно споделува слики на социјалните мрежи.

Брејк и Дејан Лилиќ уживаат во Банско

Глумецот Дејан Лилиќ и пејачот и бизнисмен Дарко Гелев Брејк се на одмор во Банско. Па додека Брејк скијаше, Дејан го користеше убавото време за да се санка со ќерките.

Текстот Каде скијаат познатите е превземен од Reporter.mk.