Кајли Џенер е најмладата милијардерка

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најбогати жени во Америка кои сами го стекнале богатството, а многумина се изненадија кога ја видоа Кајли Џенер на листата.

20 годишната ѕвезда од Кардашијан-Џенер кланот „тежи“ 900 милиони долари и се очекува наскоро да стигне до 1 милијарда, а растот на богатството ја прави најмладата милијардерка во светот, титула која некогаш ја носеле Марк Закерберг и Бил Гејтс.

Иако е најмлада од сите сестри, таа се најде на насловната страна на „Форбс“ и успеа да ја надмине дури и полусестрата Ким Кардашијан чие богатство е проценето на 350 милиони долари.

Нејзината компанија за козметика, Kylie Cosmetics, за 2 години продала шминка вредна 630 милиони долари. Таа поседува 100% од компанијата, а најголем дел од работата и рекламирањето се случува на социјалните мрежи, каде има лесен пристап до фановите и купувачите.