Како изгледаат денес глумците од „Династија“

Една од најпопуларните серии во ’80-тите години „Династија“ не престана да го привлекува вниманието на јавноста речиси 40 години по нејзиното премиерно прикажување. Серијата што се прикажуваше од 1981 до 1989 година се смета за една од најуспешните сапуници на сите времиња. Приказната за богатите семејства Карингрон и Колби и нивниот живот во раскош и луксуз, интригите, сплетките и љубовните манипулации што ги следеа се раскажува и денес.

Иако пред три години почна да се снима нова верзија на серијата, таа ни оддалеку не го доживеа успехот на оригиналната серија на продуцентот Арон Спелинг, во која глумеа Џон Форсајт како Блејк Карингтон, Линда Еванс како Кристл и Џоан Колинс како Алексис Карингтон Колби.

Џон Форсајт – Блејк Карингтон

Актерот почина на 1 април 2010 година. По „Династија“, тој го позајмуваше гласот на Чарли во „Чарлиевите ангели“.

 

Линда Еванс – Кристл Карингтон

Денес Линда има 76 години и по „Династија“ ја продолжи својата актерска кариера на телевизија. Таа во 1987 година замина во пензија и се пресели на село.

Хедер Локлир – Семи Џо Карингтон

Хедер има 58 години и по оваа серија постигна успех со сериите „Мелроуз плејс“ и „Спин сити“. Глумеше и во неколку нискобуџетни филмови. Приватно, изминативе години има проблеми со полицијата, неколкупати беше уапсена за семејно насилство, а се пријавуваше и на клиника за рехабилитација.

 

Ема Самс – Фелон Карингтон Колби

Англиската актерка има 59 години. Во екот на популарноста двапати одби да се појави на насловната страница на „Плејбој“. Се занимава со хуманитарна работа и им помага на болните деца.

Џоан Колинс – Алексис Каринготн Колби Дестер Роуан

Џоан (86) уште додека траело снимањето почнала да се занимава со пишување, а до денес напишала дури 18 книги. Последната улога ѝ е во британската серија „Ројалс“ што се емитуваше минатата година.

 

Гордон Томсон – Адам Карингтон

По „Династија“, имаше помали улоги во неколку филмови и сега во 74. година од животот живее повлечено.

Кетрин Оксемберг – Аманда Карингтон

Таа денес има 58 години. Таа глумеше во многу филмови од Б продукција со сега веќе поранешниот сопруг Каспер Ван Диен. Неодамна беше повторно во центарот на вниманието на јавноста, откако нејзината ќерка влезе во религиозен култ.

Текстот Како изгледаат денес глумците од „Династија“ е превземен од Reporter.mk.