Каролина кај свекорот на изложба

Поп-ѕвездата Каролина Гочева вчеравечаер беше на отворањето на изложбата на Рубенс Корубин, која беше во Чивте амам.  Таа се пофали дека свекорот има изложба откако сподели и видео на Инстаграм. Рубенс Корубин, такото не нејзиниот сопруг Михаил,  е еден од нашите најреномирани уметници. Со изложбата „Ателје – радоста на сликањето“ тој прослави два јубилеја, 70. роденден и 45 години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.  Вчера било преполно на изложбата на познатиот уметник.

Корубин зад себе има повеќе самостојни и групни изложби, како во земјата, така и во странство. Самостојно изложувал во Скопје, Сомбор, Белград, Битола, Прилеп и во Париз. Корубин е автор и на два монументални мозаика: „Пелинце 2004“ и Cupidae Legum Iuventuti на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Добитник е на пет национални награди, меѓу кои и Гран при на Зимскиот салон на ДЛУМ во 2005 година. Женет е со модната креаторка  Лиле Корубин, со која имаат два сина Дамјан и Михаил.

Рубенс и Лиле Корубин

 

Текстот Каролина кај свекорот на изложба е превземен од Reporter.mk.