Каролина слави роденден на Менхетен

Поп-ѕвездата Каролина Гочева денеска полни 39 години. Таа роденденот ќе го прослави на Менхетен, во Њујорк. Откако со сопругот, сликарот Михаил Корубин, ред десетина дена пристигна во Америка, пејачката секојдневно споделува слики и видеа од животот таму. Па така, вчера се пофали дека и во Њујорк дошла пролет. „Конечно малку сонце“, напиша таа и еден ден однапред доби неколку роденденски честитки од пријателите. Освен честитките, доби и пофалби дека изгледа одлично и личи на Кери од „Сексот и градот“.

За потсетување, минатиот викенд Михаил, сопругот на Каролина, ја отвори својата прва самостојна изложба во галерија на Менхетен. На отворањето дојдоа многу негови пријатели, а меѓу нив и македонските музичари Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, кои живеат во Њујорк.

(Фото) Сопругот на Каролина имаше успешна изложба во Њујорк

 

Текстот Каролина слави роденден на Менхетен е превземен од Reporter.mk.