Каролина во Антички театар во Охрид

Поп-ѕвездта Каролина Гочева и нејзиниот бенд ќе имаат двочасовен open air концерт во Охрид на 11-ти август во Античкиот театар.

На концертот Каролина ќе ги отпее сите песни од албумот „Извор“, кој го промовираше зимата, како и најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре (4. јули) онлајн преку Avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон по следниве цени по цена од 500 и  800 денари. Организатори се „Авалон продукција“.