Каролина во деновите на љубовта

Поп-ѕвездата Каролина Гочева на 15 и 16. февруари ќе има концерт заедно со Оркестарот Македонската филхармонија.

Концертите се закажани во деновите на љубовта, кога пејачката ќе ги отпее песните од проектот „Македонско девојче“, „Извор“ и некои од најубавите песни од претходните албуми во живо и со  комплетно нови аранжмани.

Влезниците се по број по цена од 1.000 денари, а ќе бидат пуштени во продажба од утре во онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон продукција кој се организатори на концертот.

Текстот Каролина во деновите на љубовта е превземен од Reporter.mk.