Касандра имала три тумори   

Венецуелската актерка Кораима Торес (45), позната како циганката Касандра од истоимената серија, неодамна откри дека се бори со сериозна болест. На нејзиното тело биле пронајдени 3 тумори, но, за среќа, бенигни, рекла актерката.

Таа откри дека во нејзиното семејство има историја на рак и дека секои 6 месеци одела на неопходните тестирања.

Моментално Кораима живее во Колумбија и е дел од кампањата за важноста на самопрегледите кај жените и раното детектирање на ракот на гради.

Текстот Касандра имала три тумори    е превземен од Reporter.mk.