Кејт Мидлтон носи девојче

Извор близок до кралското семејство за британски „Мирор“ вели дека војвотката Кејт Мидлтон е убедена дека носи девојче. Истиот извор открива дека Кејт ги има истите симптоми кои кои ги имала во бременоста со нејзината ќерка принцезата Шарлот.

Сепак во јавноста повеќе се зборува за бременоста на Меган и дека поради тоа се молчи за состојбата на Кејт. Американката наскоро треба да се породи, а веќе на големо се зборува дека на свет ќе донесе момче.

„Кејт не сака да се зборува во јавноста повеќе за неа отколку за Меган поради пишувањата за нивните расправии со принцовите Вилијам и Хари. Кејт смета дека веќе има доволно ривалство меѓу нив двете, па не сака да долева масло на огнот“, вели изворот.

 

Кејт и Вилијам имаат три деца, синот Џорџ (5) ќерката Шарлот (3) и најмладиот син Луис, кој во април ќе наполни една година.

 

Текстот Кејт Мидлтон носи девојче е превземен од Reporter.mk.