Кејт Мидлтон повторно бремена?

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон е повторно бремена, а таа и принцот Вилијам ќе станат родители по четврти пат, открива извор близот до парот.

Само три месеци откако на свет го донесе третото дете, се шири веста дека Кејт е повторно бремена.

„Тие би сакале да имаат две девојчиња и две момчиња. На Кејт и е важно нејзините деца да имаат слична врска со браќата и сестрите како што таа имала со Пипа, и знае дека тоа е поедноставно ако се на слична возраст“, вели неименуван извор.