Кери прозборе за несогласувањата со Саманта

Актерките Сара Џесика Паркер и Ким Кетрал кој ја толкуваат неразделната другарска двојка Кери и Саманта во култната серија “Сексот и градот”, приватно тие не се согласуваат многу добро. Иако Сара Џесика тврдеше дека никогаш не биле во кавга, таа неодамна реагираше на гласините во кои се тврди дека на нејзината колешка и испратила подарок за да ја ублажат ситуацијата.

Нејзиниот одговор потврди дека овие две дами се далеку од пријателки.

„Не морам да и испраќам никакви подароци на Ким, бидејќи никогаш ништо не сум и направила. Сепак, таа од друга страна одлучи да каже многу за мене, но тоа е убавината на животот во демократија “, рекла Сара. Нетолеранцијата на двете актерки се зголеми по идејата за снимање на третото продолжение на филмот “Сексот и градот”.

Текстот Кери прозборе за несогласувањата со Саманта е превземен од Reporter.mk.