Кетрин Денев имала мозочен удар

Француската глумица Кетрин Денев вчера доживеала мал мозочен удар, соопшти нејзиното семејство за медиумите. Тие велат дека актерката нема проблеми со движењето, но дека нејзиното целосно заздравување ќе потрае. По ударот таа била примена во болница во Париз каде што ќе остане неколку недели пред да продолжи со домашно лекување.

Популарната глумица, која се прослави во 1970те години, во моментов го снима филмот De Son Vivant за режисерот Емануел Беркот, но заради нејзината состојба снимањето е прекинато.

Текстот Кетрин Денев имала мозочен удар е превземен од Reporter.mk.