Кевин Костнер од пејач во црковен хор, до еден од најголемите холивудски актери

Познатиот холивудски актер Кевин Костнер поради неговиот татко и постојана промена на местото на работа,  детството го минал во преселба од град во град. Својот талент го покажал уште како дете додека пеел во еден црковен хор. Костнер пишувал поезија, а посетувал и часови за креативно пишување.

Во средно школо низел успеси, а меѓу останатото играл фудбал и кошарка. Во 1979 година дипломирал деловен менаџент, а уште за време на студиите почнал да покажува интерес за глумата. Почнал да работи за фирма за маркетинг во Калифорнија. Случајно го запознал глумецот Ричард Буртон, кој го советувал да стане глумец.

Кевин денес е американски филмки глумец и режисер, кој често сам ги продуцира свотие филмови. Тој е еден од ретките глумци кои никогаш не снимил продолжение на своите најуспешни филмови или улоги. Тој го прослави вчера својот 65 роденден.

Костнер во својот живот се оженил со глумицата Синди Силвом, Американка со португалско потекло. Подоцна дал отказ и со сопругата заминал во Холивуд, каде работел на рибарски бродови, како возач на камион и на туристички прошетки, чија тема биле домовите на познатите. Покрај сето тоа се занимавал и со аудиција.

Во 1983 година се појавил во реклама и ја добил улога во која се појавува само во уводната сцена. Костнер кој бил пријател со режисерот Лоренс Касдан, кој подоцна ќе му вети улога во еден од неговите идни проекти.

Костнер ја добил една од главните улоги во вестерн филмот Siverado од 1985 година. Две години подоцна Костнер добил вистинска можност во филмовите „Без излез“ и „Недопирливи“. Искуствто со безбол од средно школо, ќе му помогне во два безбол филмови „Бул Дурхам“ и „Поле од соништата“. Двата филма ќе постигнат голем успех.

Потоа Костнер ќе се посвети на режирањето. Со буџет од 2,5 милиони долари, тој ќе го сними вестерн бајката „Танц со волците“, филм кој ќе биде номиниран за 12 Оскари, а ќе освои седум. Потоа ќе ја сними втората костимирана епска бајка „Робин Худ“, која исто така ќе забележи успех во кино благајните.

Следниот филм „Телохранител“ со пејачката Витни Хјустон исто така ќе помине одлично во кино благајните. Но, филмовите „Совршен свет“, „Воден свет“ и „Поштар“ ќе бидат разочарување. Во 1997 година тој ќе ја пропушти можноста за улогата на претседател на САД, во блокбастерот Air Force One, кој ќе биде напишан токму за него.

Костнер ќе учествува во продолжението на сценариото, но ќе мора да се откаже од улогата поради каснењето на филмот „Поштар“. Ќе го повикаат глумецот Харисон Форд, на кој ќе му ја понуди оваа улога. Тој ќе ја прифати, а подоцна често ќе коментира дека неизмерно му е благодарен за укажаната можност.

Што се однесува до неговиот приватен живот, Костнер ќе се раздели од неговата прва љубов, Синди Силва, со која има три деца, а родител е и на едно од вонбрачно дете, за кои преку ДНК тест е утврдено дека му е татко. Мајката е Бриџет Руни.

 

Текстот Кевин Костнер од пејач во црковен хор, до еден од најголемите холивудски актери е превземен од Reporter.mk.