Ким Кардашијан во новиот спот на Парис Хилтон

Американската пејачка Парис Хилтон во моментов ја снима својата нова песна Best Friend’s Ass, а за потребите на снимањето ја ангажираше Ким Кардашијан.

По долгогодишната кавга меѓу Хилтон и Кардашијан, се чини дека двете пријателки ги закопаа воените секири, пишуваат американските медиуми. Двете заедно ги прославија Божиќ и Нова година, а сега повторно работат на нов таен проект, за кој до неодамна Хилтон реши да го сподели и да се пофали на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

#SecretProject with @KimKardashian. 🔥👸🏼👸🏻🔥 🎶 I can’t stop looking at my #BestFriendsAss🎶 🍑👀

A post shared by Paris Hilton (@parishilton) on

Откако Ким го започна своето ријалити шоу Keeping Up With The Kardashians’, старлетата стана голема ѕвезда, а Хилтон поради тоа и се наљутила, затоа што двете пријателки од тие моменти целосно се оддалечиле една од друга.

„Девојките изгледаат предобро. Драго ми е што повторно се дружите. Вие сте најдобра комбинација“, коментирал еден од обожавателите на нивната објава.

Ким некогаш работела како стилистка кај Хилтон, а многумина коментираат дека сега старлетата откако станала славна, ја надминала популарноста на својата поранешна шефица. Сепак Хилтон не гледа така на тоа.

„Ким е многу вредна. Нејзината работна етика е нешто што ме воодушевува, а истовремено и забавува. Таа е добра во сето тоа што го прави и успеа без мене. Среќна сум поради неа и поради нашиот проект“, изјавила Парис.

 

Текстот Ким Кардашијан во новиот спот на Парис Хилтон е превземен од Reporter.mk.