Ким Кардашијан заработила пет милиони долари за пет минути

Ким Кардашијан заработила пет милиони долари, за само пет минути. Ријалити ѕвездата го лансираше својот парфем, а заработаката изнесувала милион долари за една минута.

Богатството на Ким се проценува на 350 милиони долари, а нејзиниот сопруг раперот Кање Вест тежи 160 милиони долари. Заработката од парфемот не влијаела значително на нивниот буџет.

Најмладата од семејството на ријалити ѕвезди, Кајли Џенер неодамна се најде на насловната страна на „Форбс“, а повод за тоа беше нејзината заработка од 900 милиони долари.

 

Текстот Ким Кардашијан заработила пет милиони долари за пет минути е превземен од Reporter.mk.