Кира Најтли прозборе за нервниот слом

Кира Најтли (33), првата главна улога ја имаше веќе на 17 години во филмот “Bend It Like Beckham”, а потоа стана светски позната со филмот “Пиратите од Карибите” во кој глумеше со Орландо Блум и Џони Деп, а имаше само 18 години.

Денес е една од најуспешните глумици, но на почетокот на кариерата имала сериозни проблеми со психичкото здравје.

На 22 години страдала од напади на паника, а дијагностициран ѝ бил и посттрауматски синдром.

“Свесна бев дека фоторепортерите добиваа поголеми хонорари доколку ги ловат женските ѕвезди кои негативно реагираат на нив или кои биле во лоша состојба, физичка или психичка. Секое напуштање на куќата за мене беше борба”, рекла Кира, која поради проблемите отишла на интензивна терапија.

Таа доживеала нервен слом, а пред секое појавување на црвениот тепих морала прво да посети хипнотерапија за да не добие напади на паника.

“Доживеав нервен слом на 22 години и земав една година пауза, бидејќи имав синдром на посттрауматски стрес поради сето тоа. Беше многу тешко да се прилагодам на тоа дека постојано ме следат луѓе”, рекла глумицата.

Текстот Кира Најтли прозборе за нервниот слом е превземен од Reporter.mk.