„Ќе ја преставувам Бугарија, оти таму очигледно немаат убави жени“, вели македонскиот модел Ивана Димитрова

Македонските модели Ивана Димитрова и Кристина Димитриевска се пожалија дека постојано ги напаѓаат и добиваат лоши коменатри по социјалните мрежи, затоа што на годинешниот „Мис Глоуб 2019“ едната ќе ја преставува Бугарија, а другата Северна Македонија. Велат дека некои од македонските медиуми не им дале поддршка и дека постојано се соочуваат со  притисоци и навреди.
„ Ова е исто како и пејачката Тамара Тодевска кога требаше да пее на Евровизија со новото име. Така и ние , постојано сме соочени со разни притисоци и погрдни коментари по социјалните мрежи. Не навредуваат, како ние да сме виновни зарaди промената на името. Во Изборот на Мис не треба да се меша политиката“, вели Ивана  Димитрова за Репортер.мк, која иако е од Македонија,  на годинашниот Miss Globe 2019 ќе ја претставува Бугарија.
Таа објаснува дека не може Македонија да има две претставнички на овој натпревар, па изборот паднал таа да ја претстави Бугарија, а има и уште една девојка од Македонија, Симона Тодоровска, која ќе биде претставник на Словенија.

Ивана, Кристина и Симона на Мис Глуоуб

„Јас годинава ќе ја претставувам Бугарија. Очигледно таму немаат убави жени, па затоа ме одбраа мене. Изминативе денови со колешките бевме во Албанија каде не сликаа во традиционални фустани, а сега сме во Црна Гора каде сме во исчекување на големото финале“, вели Ивана за Репортер.мк.
Димитрова досега има учествувано на „Мис Македонија“, односно на натпревар на кој се избираше „Зимска убавица“ и има добиено титулата  „Мис-боди“. „Мис Глоуб“ оваа година ќе се одржува во Улцињ во Црна Гора.
Љ. Владимиров 

 

Кристина Димитриевска ќе ја прставува Македонија

Текстот „Ќе ја преставувам Бугарија, оти таму очигледно немаат убави жени“, вели македонскиот модел Ивана Димитрова е превземен од Reporter.mk.