Ќе се мажи Кејт Мос

Поранешниот супермодел, Британката Кејт Мос, на лето ќе се омажи со своето долгогодишно момче Николас Бизмарк. 45-годишната манекенка и нејзиниот 32-годишен дечко планираат традиционална свадба.

Ова ќе биде втор брак на Мос, која претходно беше во брак со рокерот Џејми Хинс. Таа има и 16-годишна ќерка Лили, која ја доби од врската со новинарот и издавач Џеферсон Хак.

Текстот Ќе се мажи Кејт Мос е превземен од Reporter.mk.