Ќерката на Босанац откри каква му е здравствената состојба

Композиторот и членот на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Драган Стојковиќ Босанац пред три дена беше опериран  на Институтот за кардиоваскуларни болести. До вчера, кога беше неизвесно, членовите на неговото семејство не се огласуваа да кажат како е Босанац. Конечно неговата ќерка Џиџа, се огласи во јавноста. „Вчера со мајка ми Дуња и брат ми Александар го посетивме тато“ вели таа за „Српски телеграф“ и додава: „Тој е добро, добро се чувствува. Како и секоја ќерка, се грижев, иако станува збор само за рутинска операција, сепак, секоја операција е ризик. Сите бевме ислашени. Утре треба да излезе од болницата и мора многу да внимава. Се надевам дека здравјето од сега ќе му биде на право место, зошто до сега не многу се грижеше за себе“ вели ќерката на Босанац

Текстот Ќерката на Босанац откри каква му е здравствената состојба е превземен од Reporter.mk.