Ќерката на Елвис Присли, вели дека Мајкл Џексон е погрешно обвинет

Документарецот Leaving Neverland во последните неколку недели е главна тема на сите светски медиуми. Јавноста не престануваат да ја интригираат голем број од деталите за животот на популарниот пејач Мајкл Џексон.

Неговиот двегодишен брак со Лиса Мари Присли е една од најинтересните теми. Мајкл Џексон и Лиса Мари Присли се венчаа во 1992 година, а веднаш по свадбата во јавноста почнаа да кружат гласините и обвинувањата за злоставување на деца. Двајцата беа во брак две години.

Џексон во тој период изјавил дека од самиот почеток на озборувањата, тој станал зависен од емотивната поддршка на сопругата.

„Имав чувство дека погрешно го обвинија и дека не направил ништо лошо. Бев загрижена поради неговата емотивна состојба и чувствував дека морав да го спасам. Го посакував тоа“, изјавила во едно од своите интервјуа Лиса Мари.

Таа вели дека го наговорила Џексон да се спогоди надвор од судот и да почне да се лекува од зависност од таблетите за смирување. Лиса Мари исто така вели дека Џексон ги обожавал перверзните компјутерски игри и глумењата на разни улоги. Најчесто практикувале секс во стоечка позиција, а во тие моменти Мајкл често и пеел.

„Инсистирав да спиеме заедно пред венчавката, затоа што сакав да се уверам дека ќе ги исполни сите негови брачни должности. Првиот секс беше најдобриот кој го имав во животот. Ќе се разбудев утрото, а неговата шминка ќе ја видев размачкана по постелнината. Кога ќе го запалев светлото пред да пончат да водат љубов, тој наводно ќе пончеше да вришти, да не го гледа. Ќе влезеше во купатилото прекривајќи го лицето со рака. Ќе се вратеше по 20 минути со полна рака шминка. Не сакаше да го види своето лице без шминка“, раскажала Присли во едно од своите интервјуа.

Причината за разводот со Џексон, таа никогаш не ја открила. За неа тоа бил втор брак. Пред Џексон таа била четири години во брак со Дени Кјум, а третиот пат се омажила за актерот Николас Кејџ со кого била во брак од 2002 година до 2004 година.

Четвртиот пат се омажила за музичарот Мајкл Локвуд, со кого останала најдолго, од 2006 година до 2016 година, кога се развеле, иако никогаш службено го немаат финализирано разводот.

Текстот Ќерката на Елвис Присли, вели дека Мајкл Џексон е погрешно обвинет е превземен од Reporter.mk.