Ќерката на Милиќ Вукашиновиќ не починала од дрога

Ќерката на српскиот рокер Милиќ Вукашиновиќ Маја Авдибеговиќ, која почина пред неколку месеци, не се предозирала од дрога, како што пишуваа медеиумите, туку од лекови против самоубиствени нагони.

„Маја навистина реши да не зема дрога и тоа го знам бидејќи бевме со неа последните денови. Таа не земаше дрога, туку антидепресиви. Неодамна ги добивме резултатите од обдукцискиот наод кои се токсични. Немало дрога, но имало лекови. Таа баш тие денови доживеа нова љубов и навистина беше нешто големо и убаво, ние го запознавме тоа момче. Се се случи за 20 дена. Неговите родители најверојатно слушнале дека Маја е наркоманка и тој мораше да стави крај на врската. Таа на докторот му прати порака да го праша дали може да ја зголеми дозата, бидејќи најверојатно по раскинувањето ѝ се влоши состојбата“, рекол рокерот во интервју.

 

Популарниот рокер во интервјуто раскажал и за своето минато со алкохолот и дрогата.

„На првата жена ѝ реков да не правиме деца бидејќи знаев дека тоа дете ќе ја наследи мојата генетика и природа. На 13 години, кога почнав да свирам, ме носеа пијан дома. Користев дрога, со игла и без неа, шмркав кокаин, пушев марихуана и пиев виски, се на екс. Најмногу кога бев во Лондон. Се излекував од кокаинот, но останав периодичен алкохоличар. Јас знаев дека некако ќе преживеам, за жал, мојата ќерка не“, додал тој.

Текстот Ќерката на Милиќ Вукашиновиќ не починала од дрога е превземен од Reporter.mk.