Ќерката на Пол Вокер објави видео од починатиот глумец

Медоу, ќерката на починатиот глумец Пол Вокер на „Инстаграм“ објави видео од нејзиниот татко. На видеото таа влегува во хотелската соба на татко ѝ за да го изненади за неговиот роденден. Вокер се смее, ѝ кажува на ќерка си дека многу го исплашила, па силно ја прегрнува.

„Мислев дека никогаш нема да го објавам ова. Но, се чинеше дека треба. Бидете добри. Ве сакам. Останете безбедни“, напиша Медоу.

Фановите на Вокер,  ѝ се заблагодарија на Медоу што ја објави снимката. Велат, во време кога сè e црно, видеото од насмеаниот Пол им влеало надеж и позитивна енергија. Снимката за еден ден е прегледана 1.2 милиони пати.

За потсетување, ѕвездата на „Брзи и бесни“, загина во сообраќајна незгода во 2013 година.

Текстот Ќерката на Пол Вокер објави видео од починатиот глумец е превземен од Reporter.mk.