Ќерката Шајло ја напушти Анџелина за да живее со Бред Пит

Најстарото биолошко дете на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, си отиде од куќата на мајка си за да живее со нејзиниот татко. На 13-годишно девојче, кое се однесува и се облекува како момче, не му се допаѓа начинот на кој Анџелина се сменила за време на разводот, пишуваат американските медиуми. Ова, наводно, ја скршило Анџелина, која прави се за своите деца.

„Таа спакува дел од своите работи и отиде кај Бред“, рекол извор за магазинот „Пипл“ и додал дека глумецот бил пресреќен што ќерката ќе живее со него.

Однесувањето на Шајло е спротивно на договорот за старателство што го имаат поранешните сопружници, а според кој децата треба да живеат со Анџелина. Бред, пак, од неодамна се гледа со неговите деца, бидејќи откако Џоли поднесе документи за развод, долго време не му дозволуваше никаков контакт со нив.

Текстот Ќерката Шајло ја напушти Анџелина за да живее со Бред Пит е превземен од Reporter.mk.