Колинда ослабе 10 килограми, претседателката ја откри диетата

Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабер -Китаровиќ, до ова диета се придружува веќе подолг временски период, а резултатите се видливи на нејзиното тело.

Станува збор за еден од најновите режими на исхрана во модерниот век, кој брзо се рашири низ светот. Тоа е липосукциска исхрана .  Таа за Хрватска „Глорија“ откри дека најтешко да се придржува до диетата и е за време на службените патувања. Диетата од претседателката се состои од три оброци дневно.

Во утринските часови, таа може да јаде , освен леб, јаде калорична храна за да издржи цел ден, па често јаде јајца и чварки за појадок. Во текот на денот, јаде салата. Последниот оброк околу 18 часот мора да биде лесен, а претседателката најчесто јаде пилешко и органски зеленчук за вечера.

Што е всушност липосукциска исхрана?

Липосукциска исхрана претставува медицински третман за симнување на вишок килограми и за која, нејзините автори тврдат дека е потполно нештетна по човековото здравје.

Како функционира липосукциската диета?

Липосукциската исхрана е базирана на активација на метаболизмот на мастите. Имено, аминокиселините имаат функција да му обезбедат на организмот енергија од метаболизмот на мастите и да активираат мобилизација и оксидација на мастите во ткивата и црниот дроб.

Креатор на оваа диета и мени е нутриционистот Кенан Мандра, кој планот на исхрана го направил врз база на протеинските потреби на организмот. Значи , доручекот е најјак, а потоа се оди со полесна храна. Последниот оброк е во 18 часот.

Текстот Колинда ослабе 10 килограми, претседателката ја откри диетата е превземен од Reporter.mk.