Концерт на ДНК за почеток на школската година

Дуото ДНК ќе има концерт утревечер (31 август) со почеток во 1 часот по полноќ во летниот клуб „Икс-ел“ (XL Summer Club). Настанот е со два поводи – првиот промоција на последниот албум The Best Of и синглот „Дијамант“, а вториот почетокот на новата учебна година.

Панчо и Андреј ќе настапат заедно со нивниот комплетен бенд, а пред нив за загревањето на атмосферата ќе се погрижи диџеј Фити Флоу. Пајачките Дани Димитровска и Теодора Трајковска се најавени како специјални гости.

Текстот Концерт на ДНК за почеток на школската година е превземен од Reporter.mk.