Концерт на Мадона во Босна

Мадона во декември ќе има концерт во Босна и Херцеговина. Информацијата е објавена на фејсбук-страницата „ВИП Јахорина“, која го организира истоимениот фестивал на оваа планина, пишуваат тамошните медиуми.

„Ексклузивно! Најавуваме за зима концерт на Мадона на Јахорина. Ги очекуваме договорите околу деталите“, напишале организаторите на „Фејсбук“. Тие сепак потенцираат дека избрзале со објавата и дека целата работа засега е на ниво на идеја и преговори.

Кралицата на поп-музиката во регионот досега имала двапати настапвано. Еднаш на турнејата Hard Candy во Црна Гора во 2008 година и една година подоцна во Белград.

 

 

Текстот Концерт на Мадона во Босна е превземен од Reporter.mk.