Концерти на „Фанк шуи“ во Битола и Прилеп

Скопскиот бенд „Фанк шуи“ викендов ќе имаат настапи во Битола и во Охрид. В петок тие ќе имаат концерт во „Порта џез“ во Битола, а в сабота во центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

„Фанк шуи“ создава своја музика и комбинира повеќе музички правци и ритмови. Постојат од 2010 година и во бендот членуваат тројца музичари – Лука Ѓоргиевски, Михаил Намичев и Давид Николовски. Имаат издадено два албума.

Лани бендот потпиша договор со „Авалон продукција“ и оттогаш настапи на повеќе фестивали во земјава, меѓу кои и Skopje Calling и All You Need is Love.

Текстот Концерти на „Фанк шуи“ во Битола и Прилеп е превземен од Reporter.mk.